Кралиците на женските комични филмови, Сандра Булок, Камерон Диаз и Џенифер Анистон, одлучиле да се здружат во голем заеднички проект. Со оглед дека Сандра е добра пријателка со Камерон и Џенифер, одлучила да им предложи идеја за филм, која тие со ја прифатиле со задоволство.

 

Иако сеуште немаат идеја, а ни текст за својот филм, критичарите веќе предвидуваат дека тоа би бил еден од поуспешните филмови на денешницата. Во потесниот избор за режирање на нивниот филм се Питер Чернин, кој работел со Сандра на нејзиниот претходен филм „Жестоки девојки“, и Дру Баримор, која моментално е во потрага за нов проект.