Еден германски пензионер сакал да соѕида влез во својот подрум, но на крајот сам се соѕидал во подрумот, објавила германската полиција. Старецот од градот Јена на полицијата и изјавил дека за грешката во планот станал свесен дури кога ѕидот бил готов.


Откако неколку дена поминал во подрумот решил да го сруши ѕидот и да се ослободи, но за таа цел го одбрал ѕидот на соседот, а не сопствениот. Соседите кои ја чуле бучавата повикале полиција која сега го истражува случајот. Во полициското соопштение за планот на пензионерот пишувало дека е прилично глупав.