Советот на Оптшина Охрид треба да се произнесе по Предлог Одлуката за   дополнување на одлуката за  давање согласност на   одлуката  на МЈП „Проаква“ како содружник да учествува во основање на друштво со ограничена одгворност , за реализација на проектот за изградба и стопанисување на четири мали хидроелектрани кои би се изградиле на гравитациониот водоснабдителен систем „ ЛЕТНИЧКИ ИЗВОРИ“ Охрид. Оваа точка е една од десетте предвидени за петтата седница на Советот, што ќе се одржи денеска. Внимание привлекуваат уште неколку одлуки поврзани со работата на јавните претпријатија, ДУП за урбаната зона 15 и предлог одлуката за изградба на ново спомен обележје во Охрид. На дневен ред на денешната седница ќе се најдат следниве точки:

1. Предлог Одлука за донесување  Детален урбанистички план  за урбана заедница 15 дел од   урбан блок 15.1.  плански опфат 1 2008 – 2013  

2. Предлог одлука за подигање спомен обележје на  руската кнегиња Олга и  рускиот кнез   Владимир.

3. Предлог одлука за давање согласност на одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП  „Охридски Комуналец“ Охрид  број  02 -1097/11 од 11.12.2006 год. и одлуката  за изменување  и дополнување  на Статутот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид бр.02-1534/5 од 06.07.2009 год.

4. Предлог одлука за давање согласност на одлуката за основање подружници  број 02-1534/6 од 06.07.2009 год.

5. Предлог одлука за формирање  Комисија за унапредување на правата на пациентите.

6. Предлог  Заклучок за издавање на просториите во Основните и Средните училишта  на невладини, хуманитарни , непрофитабилни и сл.организации , без надомест.

7. Предлог одлука за давање согласност на одлуката за отуѓување на недвижен имот.

8. Предлог одлука за давање согласност на одлуката бр.02 -3178/14 04.08.2008 год.

9. Предлог одлука за преотстапување на правото на  долготраен закуп на градежно земјиште од општина Охрид   на  МЈП  „Проаква“ Струга

10. Предлог Одлука за   дополнување на одлуката за  давање согласност на   одлуката  на МЈП „Проаква“ Струга како содружник да учествува во основање на друштво со ограничена одгворност , за реализација на проектот за изградба и стопанисување на четири мали хидроелектрани кои би се изградиле на гравитациониот водоснабдителен систем „ ЛЕТНИЧКИ ИЗВОРИ“ Охрид.

Ohridnews