Дури 1722 мажи, жени и деца во Бриксам, Велика Британија, се маскирале во пирати за да го соборат светскиот рекорд. Карен Барнес, портпаролката на пиратите, рекла дека се чувствуваат прекрасно бидејќи поставиле нов рекорд за најголем број пирати на едно место.
Гинисовата книга на рекорди резултатот официјално ќе го објави во наредните неколку седмици. Претходниот рекорд го држеле 1651 пират кои минатата година се собрале во Портланд, САД.