Фабриката за бојлери Шафото Ет Маури во регионот Бретања исто така била погодена од светската економска криза. Работниците се соблекле голи за еден календар, очајнички обидувајќи се да ги спасат работните места. на календарот ќе бидат тринаесет голи мажи кои на интимните места поставиле маски и кациги.
Со парите од продажбата на календарот планираат да отпатуваат во Италија каде ќе организираат протест во матичната фирма Аристон Термо Груп. Целта им е да покажат дека работниците ќе сторат се за да ги зачуваат работните места.