Фотографот Спенсер Туник на први мај рано утрото во Пил Парк во Салфорд го фотографирал уметничкото дело “Evryday People”, кое е составено од голи човечки тела. За фотографијата му биле потребни 1000 волонтери, а се јавиле четири пати повеќе.


Една од волонтерките изјавила дека било навистина неверојатно, и дека е навистина интересно колку многу различни облици на човечко тело постојат. Волонтерите од локација до локација биле пренесувани со автобуси во кои било вклучено греењето за да не настинат. Една од последните негови фотографии била онаа пред операта во Сиднеј, на која му позирале околу 5200 голи луѓе.