Eдна жена од Висконсин помислила дека може да си помогне со својата долна облекла и при апсењето за кражба се одлучила да се соблече. Џулија Лак украла говедско месо и запалка од една продавница. Кога неколку моменти подоцна полицијата дошла во нејзиниот дом, таа започнала да прави сцени.


За почеток се соблекла по долен веш и им рекла на полицајците дека сега не можат да ја уапсат бидејќи е гола. Полицајците сепак ја привеле, па стриптизот набрзо го заменила со боречки вештини. Го удрила полицаецот со нога по слабината, а целото сценарио го завршила со викање од задниот прозорец на полицискиот автомобил.