Цариниците на аеродромот во Бермуда многу непријатно се изненадиле откако замолиле една патничка да го отвори својот багаж. Иако на прв поглед изгледало дека жената ќе го направи тоа, цариниците и сите патници останале вчудоневидени кога патничката почнала да се соблекува на сред терминалот, и извикала „Ако веќе сакате да ме видите гола, можете тоа да го направите и овде“.


Потоа на општо изненадување на патниците, меѓу кои имало и деца, ја соблекла целата облека.По инцидентот цариниците повикале полиција која ја уапсила и однела на суд. На суд се бранела со тоа дека во кратко време е детално претресувана и едноставно ги изгубила нервите. Признала дека направила глупост, и се изјаснила за виновна, ветувајќи дека тоа нема да се повтори.

Судот и доделил условна казна затвор од 12 месеци, а судијата додал дека деталниот претрес е во описот на работата на цариниците и тоа е во согласност со законот.