Американката Џенифер Жил влегла во два часот наутро во такси во Ковингтон и побарала од возачот да ја одвезе во 2000 километри оддалечениот Мичиген. Таксистот тоа го одбил, а таа во знак на протест започнала да се соблекува. возачот и рекол да излезе од автомобилот, но таа не сакала.
Ја одвезол до полиција и влегол во станицата да ја пријави. Таа за тоа време го украла таксито. Меѓутоа запрела неколку блока подалеку и заспала гола. Полицајците ја уапсиле за недолично однесување ма јавно место и кражба на автомобил. Полицискиот портпарол рекол дека најверојатно била под дејство на некаква хемија.