Во рамки на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност, под мотото „ Вашиот прилог- значајна помош“ , Црвен крст Охрид, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помоШ и поддрШка на ранливото население, организира хуманитарна собирна акција. Ќе се собира помоШ во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која Ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца.
Се повикуваат граЃаните, фирмите и институциите да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно да се вклучат во акцијата преку донирање на материјални добра, во просториите на Црвен крст Охрид ул. “Димитар Влахов” 52, во сите денови на траењето на акцијата, до 26- ти април, вклучувајЌи и сабота и недела од 8 до 15 часот.
Донирање на парични средства може да се направи преку мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери, обележени со обележја на Црвен крст , кои Ќе бидат на повеЌе јавни пунктови низ градот и Ќе прибираат доброволни прилози . Висината на прилозите Ќе биде назначена на соодветен памфлет.
Пари може да се донираат и преку акцијата -Од куЌа до куЌа-. Волонтерските тимови на семејствата Ќе им приложат плико и информативен флаер за нивна вклученост во акцијата за донирање парични средства според нивната желба и можности.
Средства можат да се донираат и на жиро сметката (бр. 530000300136121 во Охридска банка АД Скопје) на Црвен крст Охрид со назнака за “Недела на солидарност”.
OhridNews