Џек Бауер се враќа на малите екрани. Кифер Сатерленд се согласил да ја обнови својата најпопуларна улога, во нова, деветта сезона на серијата „24“. По завршуваето на осмата сезона, долго се зборувало дека во план е снимање на филм, во кој би се завршиле авантурите на овој таен агент. Меѓутоа, наместо тоа, продуцентите се одлучиле да снимат нова сезона, но во поинаков формат.


Новата сезона ќе се состои од 12 епизоди, кои нема да следат по еден час од случувањта, што отвара дилеми околу насловот на серијата коа ќе започне да се емитува кон крајот на мај.

Претставникот на телевизиската куќа Фокс Кевин Рели изјавил дека разговарале за тоа еден ден да снимат и филм, но верува дека многумина ќе се сложат дека оваа серија, набиена во два часа, не е она што ќе ги задоволи гледачите. Воглавно ќе се фокусираат да ги следат деновите, а да ги прескокнат часовите.