Третото продолжение на филмот „Сексот и градот“ ќе снима според книгите на Кендис Бушнел „Дневниците на Кери“ и „Летото и градот“, пренесуваат странските медиуми. Во новото продолжение ќе глумат четири нови млади холивудски актерки, кои треба да го доловат животот на главните јунакињи во нивната најрана младост како и нивната прва средба. Продуцентите на филмот ја избрале Блејк Лајвли да ја преземе улогата на Саманта Џонс, Селена Гомез за Шарлот Јорк, Ема Робертс за Миранда Хобс, а Елизабет Олсон за Кери Бредшо.
Оваа новост стигнала после повеќемесечна неодлучност, бидејќи продуцентите не можеле да се договорат дали продолжението на филмот да биде концентрирано на доживувањата на Кери и Ѕверката или на минатото на главните јунакињи. Одлуката конечно била донесена бидејќи главната актерка Сара Џесика Паркер неодамна изјавила дека сигурно нема повторно да прифати улога во филмот, бидејќи во претходните два било веќе се раскажано што може да се раскаже за животот на главните протагонисти.