Ќе биде снимен втор дел од филмот „Топ Ган“, а Том Круз ќе ја репризира својата улога на Маверик, било соопштено од студиото „Парамаунт“. Медиумите минатата година шпекулирале дали продолжението од хитот од 1986 ќе биде снимено, а Круз тогаш рекол дека ќе има продолжение само доколку има добро сценарио.

Портпаролот на Парамаунт, Адам Гундмен, во интервју за медиумите потврдил дека проектот официјално е во припрема. На прашањето дали ќе се снима петто продолжение од филмот „Невозможна мисија“, Адам рекол дека приоритет со Том Круз им е да го снимат вториот дел на „Топ Ган“. Тој додал дека Тони Скот повторно ќе биде режисер на филмот, а продуцент на филмот ќе биде Џери Брукејмер.