Точниот датум на емитувањето на едно од најдолговечните и најгледаните шоуа на светот најпосле е објавен.

Последната епизода на шоуто на Опра ќе се емитува на 25 мај. На својот твитер профил Опра на своите обожаватели им порачала дека има полни раце работа со уредувањето на последните емисии.


Поради тоа планирањето на последните епизоди им го оставила на својот тим соработници. Шоуто започнало да се емитува 1986 година. Снимени биле повеќе од 5000 епизоди во 24 сезони. Опра моментално почна да работи на својата телевизиска мрежа наречена ‘Oprah Winfrey Network’.