Сем Мендес, режисерот на ланскиот акционен кино хит Скајфол, ќе го режира и новиот филм за тајниот агент 007 кој повторно ќе го глуми Даниел Крег. Новиот филм наскоро ќе почне со снимање. Ќе носи наслов “Devil May Care”, а Даниел Крег како Џејмс Бонд ќе се бори против хемичарот Џулиус Горнер.
Ќе се снима според истоимениот роман на Себастиан Фалкус напишан во 2008 година со кој Фалкус ја обележал стоттата годишнина од раѓањето на британскиот писател Иан Флеминг, креаторот на Џејмс Бонд. “Devil May Care” ќе биде 24 филм за славниот агент. Која убавица ќе ја игра Бонд девојката се уште не е познато.