Холивудскиот режисер Колин Треворов е именуван за режисер на долго очекуваниот четврти дел од филмот за диносауруси „Џурасик Парк“, а Стивен Спилберг кој ги режирал првите два дела ќе биде извршен продуцент, соопштило студиото „Универзал Пикчрс“. Филмот ќе биде снимен во 3Д формат, но не бил соопштен датумот на излегување. Треворов е малку познат во Холивуд. Тој го режирал независниот филм ‘Safety Not Guaranteed’, кој бил прикажан минатата година на Санденс филмскиот фестивал.

Спилберг во 2011 најавил дека четвртиот дел од франшизата е во фаза на настанување, а во медиумите се шпекулирало дека ќе го режира токму тој. Првиот дел од филмот прикажан за прв пат во 1993 година ќе се врати во кината во април во 3Д формат.