Култниот филм „Кум“ за семејството Корлеоне наскоро ќе има уште едно продолжение. Дејството на четвртиот филм ќе биде сместено во времето пред случувањата во првиот дел од триологијата на режисерот Френсис Форд Копола, и ќе се базира на неодамна објавената книга „The Family Corleone“.

Со оглед на тоа дека борбата околу авторските права се водела помеѓу студиото „Парамаунт“ и Марио Пузо, постигнат бил привремен договор според кој заработувачката од филмот ќе се дели кога обете страни конечно ќе се договорат околу тоа. Книгата „Кум“ била објавена во 1969 година и веднаш станала бестселер, а нејзиниот автор Марио Пузо, као сценарист, и Френсис Форд Копола како режисер, ја снимиле една од најпознатите филмски триологии во која учествувале Марлон Брандо, Роберт де Ниро и Ал Пачино.