Холивудската продукција планира адаптација на книгата „Празна чаша“, за истрагата на смртта на најголемата секс бомба на минатиот век, Мерлин Монро. Во центарот на дејството е младиот медицински експерт кој учествувал во истрагата за смртта на светската филмска дива.
Продуцентот Дејвид Винклер најавил трилер со брзо темпо, додавајќи дека публиката во главните улоги може да очекува сериозни холивудски имиња. Мерлин Монро била пронајдена мртва во својата куќа, во август 1963 година, а точните околности под кои починала не се разјаснети до ден денес.