Се снима биографски филм за рекерите Дејвид Боуви и Иги Поп со име ‘Lust for Life’. Како што пренеле медиумите, овој филм ќе го следи пријателството помеѓу двајцата музичари и ќе се базира на времето на седумдесеттите години кога тие двајца живееле заедно во Берлин и кога ги издале албумите ”Idiot”, ”Lust for Life” и ”Low”.

Приказната за гламурозниот рок начин на живеење е инспирирана со неофицијалната биографија на Тод Хејн од 1998 година во која Џонатан Рис Маерс и Еван МекГрегор играле улоги базирани на ликовите на Дејвид Боуви и Иги Поп. Боуви неодамна се вратил на музичката сцена со песната ‘Where Are We Now?’, својата прва нумера по една деценија.