Се снема биографски филм за починатиот поп-пејач Мајкл Џексон. Проектот под наслов „Мајкл“ е во продукција на студиото „Лајонсгејт“.

Првите филмови во мојата кариера беа музички спотови и сè уште чувствувам дека комбинирањето на филмот и музиката е голем дел од мојата креативност, изјави режисерот Антоан Фукуа. – За мене, не постои музички уметник со моќ, харизма и чист музички гениј како оние на Мајкл Џексон. Гледањето на неговите видеа ме натера да посакам да направам „едно такво“. Неговата музика и тие секвенци се дел од мојата уметничка ДНК и можност да ја кажам неговата приказна на екранот.

Според продуцентите, филмот ќе се занимава со сите гледишта од животот на Џексон, иако не е јасно како филмот ќе се осврне на многуте контроверзии околу покојната музичка икона. Филмот е снимен и во соработка со луѓе кои не се сложуваат со тоа дека малтретирал деца.

Сѐ уште не се соопштува кој би можел да го глуми Мајкл Џексон.

OhridNews