Изгледа дека Кети Пери и Џон Маер ја обновиле романсата. После две раскинувања за помалку од година дена, и изјавата на Џон дека последниот пат ја „откачил“ преку СМС порака, биле видени заедно во Њујорк.
Кети го бодрела Џон на хуманитарен прием на кој тој бил еден од изведувачите. Нивни пријател рекол дека го гледала воодушевено, а кога Џон ја запеал „One for My Baby“, Кети го прегрнала и размениле страсни бакнежи. Се надеваме дека наскоро нема да следи некоја нова СМС порака.