Иако пред неколку месеци објавиле дека се разведуваат после седум години брак, Џенифер Лопез и Марк Ентони минале преку своите несогласувања како би можеле да соработуваат во заедничко талент шоу. Поранешните сопружници не се разделиле во пријателска атмосфера, но на снимањето на шоуто, кое е во потрага по нови таленти, добро се сложувале.
Во најавата за истото шоу обајцата биле многу пријателски настроени еден кон друг, а заносната Џенифер Лопез дури за својот поранешен сопруг извела еден заводлив танц.