Рано утрово се случи долгоочекуваниот редок настан во Сончевиот систем. Земјата, Венера и Сонцето беа во иста линија.  За време на транзитот, граѓаните од целиот свет може да ја видат Венера како мала црна точка на Сонцето.

Глетката на тн. ,,Вселенски танц” или поминувањето на Венера пред Сонцето беше еден од најочекуваните астрономски феномени, што во минатото ги поместуваше границите на знаењето, понекогаш и со драматични последици.

До сега се регистрирани само шест транзити на Венера,  заради тоа што пред пресметките на германскиот математичар од 17 век, Јохан Кеплер, никој не знаел каде да гледа, ниту, пак, имал соодветни сочива.

 
Транзитите се случуваат во, како што велат астрономите, „извртени” комбинации, во јуни или декември, и тоа во парови на растојание од осум години. А потоа настапува долго чекање. По декемвриските доаѓаат јунските транзити, но 105 години подоцна.

OhridNews
Извор: indeh.hr