Група британки се сликале во секси пози во полициска станица во Буртон. Поради фотографиите кои се објавиле на фејсбук, три полицајци завршиле на дисциплинска и добиле преместување во друга станица. Девојките се облекле во полициски униформи и лудувале низ станицата.
Се сликале во соблекувалната, марицата и полицискиот автомобил. Четирите дошле да дадат изјава откако нивната 22-годишна пријателка е приведена поради тепачка во барот Баракуда. Полицајците ги разделиле во две групи и ги испитувале. Тврдат дека им кажале дека не смеат да се сликаат, но тие тоа го игнорирале. Некој им јавил на шефовите за сликите на Фејсбук.
-На сите ни е жал поради негативните впечатоци и околностите во кои се фотографиите сликани. Разочарани сме и ќе направиме се да спречиме такви работи во иднина-изјавил заменикот на шефот на полицијата.