Танчерката која се сликала гола користејќи го перуанското знаме како седло, би можела да биде осудена на четири години затвор, поради навреда на националните симболи.

Фотографијата на Лејси Суарез на коњ, танчерка од групата Алма Бела (Убава душа), се појавила на насловната страна на списанието Д-Фарандула и предизвикала огромен политички скандал, за време додека Перу се подготвува за прославата по повод 180 години независност од Шпанија.


– Знамето е патриотски симбол и заслужува почитување. Непристојната употреба заслужува казна – рекол министерот за одбрана Алонсо Флорес.

– Не направив никаво злосторство. Го сакам Перу и тоа го покажувам со својата душа и тело – рекла убавата Лејси.

Познатиот адвокат Марио Аморети ја брани со аргументите дека не е исто да се користи знамето како наметка и како седло.