Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам, со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост.

Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена. На првиот ден се извршува утринска молитва – Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.

Исламското учење вели дека во тој месец е објавена светата книга Куран. По повод големиот исламски празник честитка до верниците упати реис-ул-улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи:

– Овој благословен месец Рамазан има посебна вредност за сите муслимани во светот, бидејќи овој месец се навршуваат 1.400 години од објавата на чесниот Куран. Куранот е последната објава за човештвото, завршен тестамент за човекот. Го молам возвишениот Алах да ни ги прифати нашите ибадети и да не води по вистинскиот пат, се вели во празничната честитка на  Реис Ул Улема Сулејман Реџепи.

Честитка до верниците од исламска веросиповед упати и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески:

-Празникот нека ги сплоти сите наши сограѓани во меѓусебно уважување и почитување, за заедно да го градиме нашиот и светски Охрид, се вели во честитката на градоначалникот Петрески по повод Бајбрам.

OhridNews