Голем број пријатели, фанови, музички соработници, граѓани, присуствуваа на забавата во кафе-паб „Кастело“ синоќа, по повод триумфот на националниот избор за песна на Евровизија на охриѓанецот Ѓоко Танески. Во спонтана и опуштена атмосфера зачинета со музика во живо се разговараше за евровизискиот настап на Ѓоко, кој по Скопје е подготвен да го освои и Осло каде годинава ќе се одржи Евросонгот.


Охриѓани му приредија топло добредојде на Ѓоко Танески

Ohridnews