Собраниската Комисија за култура на првата седница по конституирањето на новиот парламентарен состав, го прифати предлог-законот во прво читање со заклучок за натамошно проследување – за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство.

Имено истиот се усогласува со Законот за опшатата управна постапка и се скратуваат роковите до кога странките треба да чекаат на одговор. Новина е што првпат се воведува одредено време  до кога законски мора да се одговори (позитивно или негативно) на барања за археолошки истражувања (30 дена),  за дозволи за употреба на метални детектори за откривање археолошки наоѓалишта (30 дена) и за конзерваторски одобренија (осум дена).

Ако во пропишаниот рок не биде добиен одговор, подносителот ќе може да го извести  директорот на инстутуцијата (Управата за заштита на културното наследтво) кој треба да одговори за пет дена. Ако нема одговор од него во тој рок, подносителот ќе го извести Државниот управен инспекторат и има право за поведување управен спор. 

OhridNews