Џејкоб Штраус(4) извесно време викал и барал помош од поштенското сандаче, но минувачите мислеле дека станува збор за некаква шега или скриена камера, па не реагирале. После извесно време од металната кутија го извлекле пожарникарите. Додека поштарот правел пауза, детето се сокрило во сандачето, а бидејќи тој не го забележал го заклучил сандачето и заминал.
Детето се закочило од страв. Додека го ваделе целиот се тресел. На својата мајка и рекол дека никогаш повеќе нема да застане во близина на поштенски сандачиња, и дека никогаш повеќе не сака да види писмо, бидејќи бил заробен со голем број од нив.