Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие “Службен весник на РМ“,“ потпишаа Меморандум за соработка за поедноставување на  процедурата за објавување на изгубени документи за неважечки. Така во иднина за пријава на изгубена лична карта, патна исправа или возачка дозвола, ќе биде потребен само еден ден.

– Граѓаните наместо како досега, кога во два наврати мораше да одат во “Службен весник“, еднаш за да пријават изгубен документ и втор пат за да обезбедат потврда дека им е објавен огласот, од сега ќе биде доволно да отидат еднаш, по што МВР ќе биде формално известено и граѓаните ќе може да аплицираат за нов личен документ. Вториот дел од постапката ќе се одвива помеѓу Министерството за внатрешни работи и “Службен весник“, истакна министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Просечно, во текот на годината, во службеното гласило се огласуваат околу 30.000 неважечки документи.

OhridNews