Мадона и Гвинет Палтроу изминативе години делеле многу работи, вклучувајќи ги и услугите на фитнес тренерот Трејси Андерсон, која судејќи според се била причината за нивната кавга. Пејачката и актерката биле многу блиски во периодот кога Мадона започнала да живее во Лондон по венчавката со Гај Ричи, и заедно биле гости на сите градски збиднувања.


Како што одминувало времето започнале заедно да тренираат кај фитнес тренерот на Мадона, Трејси Андерсон. Меѓутоа, тогаш Гвинет се досетила дека Трејси може да и донесе доста пари и заедно осмислиле вежби и програма за исхрана и обликување на телото, кои станале многу популарни ширум светот. На Мадона тоа не и се допаднало и одлучила да го прекине пријателството се Гвинет.