Двајцата можеби и најдобри холивудски пријатели Џорџ Клуни и Бред Пит се во жестока кавга, а се поради филмските права околу книгата “Law of the Jungle”, која се бави со загадувањето на џунглата во Еквадор, што би требало да биде голем филмски проект. Нивната кага влијаела и на нивните сопруги Анџелина и Амал кои почнаа да се избегнуаат.

 

Иако Џорџ Клуни силно сакал да ги добие филмските права за проектот вреден неколку десетини милиони долари, на негова жал ги добил Бред Пит. Анонимен извор близок до актерите вели дека Џорџ очајнички го сакал тој проект. Бред тоа го знаел и без оглед на тоа ги „собрал“ филмските права. На Џорџ му рекол дека едноставно тоа е само работа.