Уметникот Сара Бурден од Дерби, Велика Британија скоро се што поседува продава за по едно евро. Планира да продаде се до крајот на годината и да почне се од почеток. Се надева дека најдолго ќе го задржи својот автомобил Фолксваген Поло, кој исто така чини едно евро.
Во уметничкиот проект се или ништо, ја нуди и својата облека, бабиниот накит, фотоапарат, вкупно 40 000 предмети, но нејзиниот син Сем и забранил да ги продава неговите играчки. Самохраната мајка вели дека поседува само неколку предмети кои не сака да ги изгуби, а дека без се останато би преживеала. Веќе добила огромен број на понуди, а сите заинтересирани можат да се пријават на страната www.crazyartlady.com.