Корисни работи за домаќинство, украси, разни производи од пластика и стакло, играчки за деца, реквизити за прослава на роденденски забави, текстил и се друго што ви е потребно, ќе најдете во новоотворената продавница „Нина шоп“ лоцирана на улицата „Даме Груев“ бр. 197, која официјлано беше отворена синоќа.
Подгответе се за летнатата сезона која е на прагот со реквизити за плажа, а тука ќе најдете и костими за капење, шешири, пешкири…
За тие кои сакаат да внесат свежина во својот дом, во „Нина шоп“ има широк избор на постелнини, ќебиња и многу други корисни работи потребни во секојдневниот живот.
Едноставно на едно место широка палета на производи по цени прилагодени на сечиј џеб, достапни за сите.
Дополнително од „Нина шоп“ за своите потрошувачи најавуваат неделни акции прилагодени на потребите на купувачите.
Идејата за започнување со семеен бизнис дошла сосема спонтано велат сопстевниците, а уредувањето на продавница во целост е нивно дело.
На пригодна свеченост што се одржа вчеравечер, бројните гости имаа можност да се информираат за концептот и понудата на новата специјализирана продавница во Охрид.
„Нина шоп“ ќе биде отворен за потрошувачите од понедeлник до сабота, во периодот од 10 до 21 часот.
Се што ќе поскате на едно место, во новоoтворената продавница „Нина шоп“
OhridNews/PR