Среќен пар од Велика Британија се запрепастил кога им стигнало писмо од нивните адвокати дека се разведени.
Џон Китериџ (65) и сопругата Џоан во брак се 36 години.
– Не можев да верувам додека го читав писмото. Всушност знаев дека не може да биде вистина, но сепак бев во страшен шок. – рекла Џоан (59), која се расплакала додека го читала писмото.
– Имавме успони и падови како и секој друг пар, но никогаш не дошло до помисла за развод.
До инцидентот дошло кога пред три години парот соработувал со тим од адвокати за друг правен проблем. Адвокатите во документите што ги поднеле до судот заборавиле да го изменат делот од текстот што се однесувал за развод.