Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невистинита содржина, испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.
Известен е секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, кој веќе постапува за овој случај.
Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: [email protected]. Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација. – информира Министерството за здравство.
Ширењето лажни информации, особено во овие кризни времиња е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество, велат од Министертсвото за здравство.
OhridNews