Неодамна забележана е сеча на трска во водите на Охридското Езеро на потегот кај поранешната детска болница, која e продадена на приватна фирма за изградба на хотел. Случајот го забележале граѓани кои изразија загриженост за уништувањето на трската, која е природно живеалите и мрестилиште на риби, птици и други организми кои живеат во езерото.
OhridNews за случајот по електронски пат се обрати до повеќе надлежни институции за заштита на животната средина и живиот свет во Охридското Езеро но и по десетина дена оттогаш, не добивме одговор на нашето прашање, дали тие се запознаени со сечењето на трската и дали евентуално од нив било побарано стручно мислење или одобрение за тоа.
Инаку, не е прв пат да се сече или пали трската во Охридското Езеро. Ваквата појава е речиси редовна изминатите години како на охридското, така и на струшкото крајбрежје.
OhridNews