-Со изградбата на каналот, ќе се исклучат дивите приклучоци од фекалната канализација кои ја загадуваат реката. Со тоа ќе се заштити од загадување и Охридското Езеро, а воедно ќе се спречат и поплавите кои настануваа во тој дел од течението на реката Грашница, велат од локалната самоуправа.
Цевките поради кои зимоска се излеа Грашница заминуваат во историја
Со проектот е предвидено коритото на реката Грашница на горе споменатиот потег да се поплочи, со што се удоволува барањето на граѓаните од населбата Воска за отстранување на цевките што беа поставени минатата година, кои се покажаа како несоодветно решение.