Екипа на ЈП „Градски гробишта“ во текот на денешниот ден работела на санација на потпорниот ѕид кај црквата „Св. Богородица Пандонос“ кој имаше оштетувања по обилните врнежи од снег и дожд што во текот на изминатиот период, го зафатија охридскиот регион.
По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ денес работеле на расчистување на одронот кој бил лоциран над авто кампот „Елешец“ и за расчистување на речното корито на реката Сушица од натрупаниот отпад.
OhridNews