По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, а по претходно утврден план и динамика за работа, теренските екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа  со санација на ударните дупки низ улиците по целата територија на општина Охрид.

-Деновиве, ударни дупки се  санираа на улиците „7-ми Ноември“, „Кленоец“ и „Питу Гули“ а откако ќе дозволат временските услови градежните активности ќе продолжат по должината на улиците „Егејска“, „Туристичка“, „Даме Груев“, „Димитар Влахов“, „Марко Цепенков“, „Пере Тошев“ и уште некои помали улици на периферијата од општината, информираат надлежните при охридската локална самоуправа.

Тие појаснуваат дека по гребењето на асфалтот дупките се пополнуваат со бехатон плочки, а во краток временски период истите ќе бидат заменети со асфалт.

OhridNews