Екипите на „Паркови и зеленило“ на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве вршат санација на оштетните и деградирани садници на парковските површини низ Охрид.

-Освен санацијата на цветните аранжмани, се засадува и нов цветен расад во паркот на градскиот плоштад и кејот  чии цветови ќе ги красат парковите до доцна есен, велат од претпријатието. 

Оттаму информираат дека согласно Програмата за одржување на јавно зеленило за 2015 година во текот на овој период се коси тревата и се отстранува жбунестата вегетација покрај пешачките патеки и коловозите како во централното градско подрачје, така и во приградските населби.

Во текот на денешниот ден се уредуваше пешачката патека покрај каналот „Студенчишта“, а во изминатите денови се уредуваше јавното зеленило во населбата „Радојца Новичиќ“.

OhridNews