Деновиве интензивно се работи на санација на подводниот дел на пристаништето во Охрид. Работите се при крај и се очекува во наредните денови градското пристаниште комплетно да биде санирано.
се санира пристаништето во Охрид
Неколку дена екипи со специјални матерјали вршеа зацврстување на подводниот дел од пристаништето кој поради влијанието на водата е најподложен на оштетувања, а се бетонираше и надворешниот дел, каде се прицврстуваат пловилата.
ќе биде побезбедно и за кајчињата
Работите непрекинато траеа и викендов. Внимателните изведувачи по завршувањето на бетонирањето со вода го чистеа пристаништето од градежниот матерјал. Наместо кофи и црева се користеше булдожер, но сеедно работата ефиксно беше завршена.
внимателни работници
Деновиве ќе започне реконструкцијата и на пристаништето во Свети Наум. За санација на пристаништата во Охрид и Св. Наум Министерството за транспорт и врски издвои 2.140.000 денари.
Горан Момироски