По сториите објавени на OhridNews и жалбите на граѓаните, деновиве извршена е санација на искривените бандери на улицата „Сатеска“, кои беа оштетени во снежното невреме што на почетокот од годинава го зафати Охрид. Кабелскиот оператор „Алстрасат“ изврши замена на оштетените бандери со нови, а поправена е и оштетената инсталација. Се очекува и останатите оператори и служби кои коиристат јавни површини за пренос на инсталации да извршат санација на оштетувањата.

Исто така деновиве, извршена е санација и на оштетените бандери на други улици низ градот.

OhridNews