Екипите на ЈП „Нискоградба“ во текот на изминатите неколку дена работат на санирање на ударните дупки на коловозите, кои настанаа на како резултат на неодамнешните временски неприлики.
Во текот на вчерашниот ден се вршеше санација на оштетениот коловоз на улицата „Абас Емин“ и на дел од коловозот на улицата „Даме Груев“.
Според најавите, овие активности ќе продолжат и во текот на наредниот период, при што ќе бидат опфатени и останатите улици во Охрид.
OhridNews