Споменикот на холандскиот писател од раните години на 20-тиот век – А.Ден Долард кој беше подигнат пред повеќе 2 години во паркот кај х. Милениум, деновиве се санира од оштетувањата. Излуштените ѕидови се премалтерисуваат, а ќе се дотеруваат и другите делови од споменикот. Покрај оштетувањата на матерјалот од кој е направен, споменикот во минатото често беше и жртва на вандали кои се изживуваа цртајќи и испишувајќи најразлични вулгарности. Деновиве сето тоа ќе биде санирано и се надеваме дека споменикот во иднина ќе добие посоодветна грижа.


Се санира споменикот на Ден Долард

фото: Васко Бујароски