Екипите на ЈП „Градски Гробишта“од Охрид вчера започнаа со работни активности за санација на споменикот на А. Ден Долард вo холандскиот парк. Санацијата на споменикот се одвива под налог на Локалната самоуправа.

Надлежните во неколку наврати до сега го санираа спомен обележјето на холандскиот писател и пријател на Охрид, но поради надворешните влијанија и несовесните граѓани, споменикот многу пати до сега имаше претрпено низа оштетувања.

OhridNews