Со багер и друга механизација утрово започна расчистувањето на просторот од административната зграда на „Комуналец“ кај пазарот кој вчера беше зафатен од пожар.Се подигаа остатоците од градежен шут и другиот отпад.
се расчистува опожарениот магацин на Комуналец
Во пожарот што вчера утро го зафати магацинот во зградата на ЈП Охридски Комуналец, изгореа повеќе метли и друг помошен матерјал. Пожарот како што ни раскажаа очевидци настанал од невнимание при сечење скалите на влезот од зградата на Комуналец, кои се наоѓаат над магацинот во кој се чувале метлите и другите средства за јавна хигиена. Најверојатно тие се запалиле од искрите од сечењето на металните шипки по што пламнала целата просторија. За среќа пожарот брзo бил изгаснат и не се проширил на околните објекти.
ohridnews