Општина Дебрца со еден милиони и 484.286 денари го санира и реконструира игралиштето за голем фудбал во Волино на кое се натпреварува екипата на Сатеска.


Како што информираше Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски во рамките од проектот ќе се изврши санација и реконструкција на соблекувалните и простории за судии и делагати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати, изградба на метална трибина за гледачите, изградба на систем за наводнување за фудбалското игралиште и санација на постоечката ограда на игралиштето.

– Искрено се надевам дека токму од ова фудбалско игралиште ќе произлезат новите фудбалски ѕвезди, кои ќе претставуваат не само гордост на општината, туку и на цела Македонија. – потенцираше Градоначалникот Трајкоски.

Екипата на Сатеска која го користи стадионот успешно се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига југо-западен регион.

OhridNews