Легендарниот Гунтер Сакс, плејбој и поранешен сопруг на актерката Брижит Бардо, извршил самоубиство во својот замок во Швајцарија, соопштила канцеларијата на славната актерка. Неговиот син Ролф ја потврдил смртта на татко си, прецизирајќи дека тој пукал во себе, за разлика од швајцарската полиција која не давала детали за смртта.
Сакс во средината на шеесеттите години го претворил летувалиштето Сан Тропе на француската ривиера во собиралиште на богатите и славните, меѓу кои била и филмсакта звезда Брижит Бардо. Таа изјавиле дека е длабоко погодена од неговата смрт.