Тренерот Џон Гедерт кој беше обвинет од 20 гимнастичарки за силување почина денеска, пренесуваат американските медиуми.
Телото без знаци на живот било пронајдено покрај патот, а првите наоди на полицијата се дека Гедерт извршил самоубиство.
63-годишниот Гедерт во период од 2008 до 2018 вербално и сексуално злоставувал гимнастичарки во својот клуб и американската селекција. Гедерт беше дел од американската селекција која освои златен медал на Олимписките игри во Лондон 2012 година.
Гедерт пред судот за силување и злоставување на својата позиција требаше да се појави следниот четврток.
OhridNews